“Proud to Play” („Горд што играм”), е новата кампања на Youtube заедно со Google, за еднаквост во спортот. Кампањата се состои од кратко, оригинално видео во кое познати спортисти, како Коби Брајант, Џејсон Колинс и др. зборуваат за поддршката која им е потребна на припадниците на ЛГБТ заедницата во спортот. Пораката е прифаќање на хомосексуалците и нивна вклученост во спортот, бидејќи не е важно со кого си ако си успешен во она што го правиш. Видеото има за цел да ги охрабри хомосексуалците да бидат горди на она што се, со поддршка од нивните соиграчи, тренери и фанови. Во знакот на оваа кампања, овој месец логото на видеата на Youtube ќе биде фудбалска топка со виножито.