Се приближуваат летните денови и сезоната на отворени чевли и сандали. За да изгледате убаво, неопходно е да ги подготвите вашите стапала. Еве што треба да направите:
Пилинг
И на вашите стапала им треба грижа, па затоа, потребно е да се ослободите од старата кожа преку пилинг. Тоа ќе ви помогне за тврдата кожа која сме ја запоставиле во текот на зимските месеци. Најпрво направете топла купка. Во водата можете да додадете етерично масло или неколку капки маслиново масло за кожата да омекне. Оставете ги стапалата околу 15 минути.
Средете ги ноктите
Следна е грижата за ноктите. Исчеткајте ги со четка и отстранете ги кутикулите околу нив со посебно стапче за таа намена. Скратете ги (обавезно во рамна линија за да спречите растење на ноктот под кожата) и поминете ги со турпија за крај. Доколку забележите појава на габични инфекции, потребно е да посетите дерматолог кој ќе ви даде соодветни креми или капки.
Хидратантна нега
Најдобро е да користите посебни хидратантни креми за стапала, но можете и со вашиот лосион за тело или други креми на база на шеа-путер. Кремата најдобро се упива во вечерните часови, пред спиење. За најдобар ефект, нанесете дебел слој и преспијте со памучни чорапи.
Налакирајте ги ноктите
Откако ја доведовте кожата во ред, време е за украсување на ноктите. Оваа сезона експериментирајте со боите. Можете да нанесете лак во нежни нијанси, како и во јаки бои. Главно да е весело, ведро и разиграно во склад со годините и стилот кој го негувате.
Сега сте спремни за отворени чевли и сандали!