Постојат чудесни места на Земјината топка, за кои е тешко да поверувате дека вистински постојат. Меѓу нив со сигурност се вбројува и прекрасната вила Sunrise House, од чии прозорци може да се погледнат едни од најубавите изгреви во светот. Се наоѓа на мала живописна падина на Карибите, опкружена со тропска вегетација и сопствен пристап до приватна песочна плажа и до морето. Покрај спектакуларната локација и магичните хоризонти, за комплетно уживање придонесува и раскошниот дизајн на вилата. Зад градбата на оваа рајска оаза се потпишува архитект со светско реноме, комбинирајќи ги колонијалниот дизајн и локалниот камен со фини архитектонски детали. За елегантниот изглед на нејзината внатрешност, пак, задолжен е познат лондонски дизајнер, кој во ентериерот ги прегрнува меките топли тонови и внимателно избраните луксузни детали, создавајќи неверојатно убав и комфорен амбиент за престој. Ексклузивната елеганција и релаксираниот шарм на вилата, во тандем со егзотичните градини и белата песочна плажа се спојот кој ги остварува сите фантазии на еден светски патник. Уживајте во глетките!
Куќа на изгрејсонцето
Рајска вила за фантастично доживување на Карипските Острови.