На секој читател му се случила следнава ситуација: да стои пред огромна полица (дали во библиотека, книжарница или дома) и да се прашува што да чита следно. Дизајнерот од Санкт Петербург Tembolat Gugkaev, поттикнат од оваа секојдневна ситуација ја создава „Wha cabinet, Closet-lamp“, односно полицата-ламба во форма на прашалник.
Идејата е оваа несекојдневна полица да се смести до идеалното место за читање, оваа цврста и строга полица со својот модел потсетува на искривена форма на вечно прашање, која преку ноќ – во суштина, го дава одговорот со бочната светлина која е од помош за читање во темина. Така што „Wha cabinet, Closet-lamp“ станува важна алатка во изборот на локација за читање. А прашањето што ќе се чита следно? Вечна дилема!
ж