Овогодинешниот Кански филмски фестивал беше во центарот на вниманието не само заради прикажаните филмови, туку и за сиот свој луксуз, гламур и секако, модата на црвениот тепих. Познатите личности, освен со фустаните од модните дизајнери, се истакнаа и со најновите трендови на фризури кои станаа инспирација за жените ширум светот. Од високи пунџи до пуштена права и виткана коса, ви ги претставуваме најубавите и најлегендарните фризури од Кан кои ќе останат долго запаметени.