Мало признание на почетокот од оваа објава: DA истражува и селектира необични и вредни показатели на славење на пишаниот збор, со промоција на здравата и пожелна навика на читањето преку нудење различни примери на вонвременски библиотеки кои се сместени на различни локации на Земјата. Така е и овој пат – најголемата и највредната библиотека со која што може да се пофали Бразил поради автентичната архитектура и 350 000 наслови од португалски и светски автори, бездруго е Real Gabinete Português de Leitura. Сместена во Рио де Жанеиро, Real Gabinete Português de Leitura важи за една од уникатните, најубави библиотеки во светот – храм на пишаниот збор, изградена е во перидотот од 1880-1887 година од страна на архитектот Rafael da Silva e Castro, со ентериер во кој се лоцирани бесконечни полици и мистика на некои минати времиња.
Колекцијата од книги е комплетно уредена во дигитален формат, за прегледност поради енормната бројка на наслови. Rafael da Silva e Castro прима од Португалија задолжителна копија од сите објавени дела во земјата. Ретките ракописи или дела коишто може да се најдат овде преку консултации со библиотекарите во овој безвременски објект, се достапни само во Rafael da Silva e Castro.