Сончевото лето е идеално време за опуштени мигови во дворот, градината или, пак, на балконот. Доколку не можете да му одолеете на копнежот по море и плажа, тогаш зошто да не го оживеете на вашата летна тераса цела сезона? Подарете и магична морска тема на оазата за уживање надвор, и препуштете им се на летните задоволства. Коралната и аква сината нијанса се совршен спој за пресликување на морскиот брег во домот, давајќи му хармоничен изглед кој зрачи со свежа летна атмосфера. Прекрасна инспирација е оваа неодоливо слатка летна веранда во бела боја, во која светлиот ентериер е разигран со корални, тиркизни и аква сини детали. Целиот декор мириса на лето, море и плажа: бамбусовите парчиња мебел, декоративниот камин, аква столиците и мноштвото додатоци кои вдахнуваат освежувачки морски амбиент. Школките свое место пронашле на симпатичниот лустер, а морските ежови и корали се дел од принтовите на весело дезенираните перници и декоративните детали. Идеална тераса за опуштање по напорниот работен ден. Уживајте додека го пиете ледениот чај и сонувајте за одмор на море!