Во случај кога детските играчки би се поставиле на ниво на совршено комбинација на убавото со корисното, односно забавното со едукативното, тогаш – овој сет од 3 фигури на сестрите Бронте ќе се најде на Вашата листа за подароци! Но, нажалост, оваа реклама создадена во 1998 година од страна на Phil Lord и Chris Miller е лажно комерцијално видео за серија едукативни фигури врз основа на историски личности. Видеото никогаш не ја доби дозволата да ги добие своите 5 минути слава, имено поради сомничавата образовна вредност и така, никогаш не беше емитувано.
Но, кој и да го погледне истото, ќе добие минута и половина вистинско задоволство со интересни моќи кои може да припаднат само во светот на библиофилите! На крајот на краиштата, поттикот на хероите секогаш произлегува од нечија приказна…