Што?
Венчавка која ќе Ви го привлече вниманието.
Зошто?
Затоа што е идеја на двајца библиофили кои стапуваат во брак.
Кога?
Неодамна.
Каде?
Библиотека во Лос Анџелес.
Со кого?
Со најголемите фанови на Хари Потер во регионот.
Преку користење на претежно Направи сам идеи, каде што и самата венчавка е резултат на истото – преку фотографиите на нивната пријателка Candice Benjamin, овој пар го прави најубавиот ден од нивните животи уште поубав! „Нашата замисла беше венчавка која што може да ја сместиме во универзумот на Хари Потер, но со некои класични детали“, вели новата брачна двојка. Во прилог, може да погледнете како изгледа трансферот од љубовта кон книгите во реалната љубов од секојдневието.