Кога за првпат беше објавено дека популарниoт козметички бренд MAC ќе соработува со славните Кели и Шерон Озборн, имаше многу идеи како таа колекција би можела да изгледа. Идеја конечно стана реалност, а ако ги земеме предвид љубовта на Кели кон бојата на лаванда и рокенрол корените на ова славно семејство, веќе ни е јасно дека колекцијата ќе биде многу шаренолика.
MAC објави како изгледа соработката со мајката и ќерката Озборн, а открија и дека колекцијата се состои од два дела, една линија на Кели и една на Шерон. Преовладуваат виолетови, портокалови, земјени и кремасти нијанси на бои на кармини, потоа тушеви за очи, руменила, моливи за усни, како и неколку четки за шминкање. Заедничко за двете колекции е драматичноста и раскошноста- карактеристични за овие две дами. Производите ќе бидат достапни на почетокот на јуни.