Зар постои некој кој нема омилен Дизни лик? Ги обожаваме Дизни ликовите и приказните бидејќи како што гласи мотото на Дизни: место каде соништата се остваруваа, секој лик е херој во својата приказна кој на крај ги остварува своите соништа. Но, за жал, животот не е Дизни приказна. Jeff Hong е аниматор со седиште во Њујорк кој ги „вади“ познатите Дизни ликови од приказните и ги соочува со реалниот свет.
Ариел од Малата сирена се соочува со загаден океан, полн со масло. Мечето Вини Пух наидува на уништена шума, а Мулан е принудена да шета со маска на лице низ улиците полни со смог во Кина. Пепелашка се прашува каде е нејзиниот принц, додека се наоѓа во валкан сокак во текот на ноќта, каде ја демнат многу опасности. Слончето е затвореник во циркус, оставено на милост и немилост на неговиот господар, а и малите далматинчиња се затворени во кафези. Глувчето ја губи слободата и се користи за тестирање на нови лекови, а срната Бамби е убиена и закачена на ѕид како трофеј. Бел од „Убавицата и ѕверот“ во реалниот свет е девојка која решава својата убавина да ја подобри со помош на пластичен хирург. Симба од „Кралот Лав“ завршува во зоолошка градина, а пилето останува вчудоневидено кога сфаќа дека може да заврши како печено пилешко. Робин Худ е врзан, Алиса од земјата на чудата изгубено талка низ улиците со шише со сомнителен изглед – таа се покорила на еден од најголемите пороци, дрогата. Покахонтас го напушта селото и поголемиот дел од времето го поминува во казино…
Вистинскиот свет полн со насилство, загадување и уништување на природата, пороци, злоупотреба на животни и заборавање на вистинските вредности е место каде и Дизни ликовите не се она што се’. Ви се допаѓа вистинскиот свет?