„Овој формат првпат го сретнав во Сатрдеј ивнинг пост и ми се допадна затоа што, на крајот од секоја од епизодите, читателот има речиси ист удел како и писателот – имаш цела недела да одгатнеш кон каде следно ќе се извие змијата. Освен тоа, ми се чини дека ваквите приказни се читаат и се доживуваат многу подлабоко, затоа што се читаат дозирано. И да сакаш не можеш да ја голтнеш одеднаш.“
Во поглед на изборот и форматот на оваа иницијатива, од Арс Либрис велат (а DA потврдува) дека „Зелената Милја“ е светски бестселер и претставува најнеодоливото патешествие на Стивен Кинг. Идејата за објавување на романот во повеќе „епизоди“ потекнува и од самиот автор. Всушност и оригиналната публикација на серијалот го следи овој формат – роман во книшки. Инспирацијата за ваков вид на публикување, Стивен Кинг, пак, ја црпи од Чарлс Дикенс кој ги објавувал романите во продолженија или како додаток во средина од списание. Издавачите одлучуваат да ја задржат неговата оригинерна замисла и да го поедностават збогатувањето на Вашата библиотека преку неделна достапност на сите делови од серијалот за уште поедноставни, 100 денари. DA Ве советува: не заборавајте дека ова е роман што не се пропушта!