Ако патувате кон Букурешт и ако сте заборавиле да понесете нешто за читање – тогаш на располагање Ви стои гигантска полица со волумен од подот до таванот, од ѕид до ѕид колекција на е-книги до кои можете да стигнете преку еден клик. Оваа дигитална, хибридна книжарница се наоѓа во метрото во Букурешт, а имено станува збор за соработка помеѓу Humanitas и Vodaphone: едната е водечка компанија во областа на герила маркетингот, додека другата е голема телекомуникациска светска мрежа. Но, и обете со клучна цел, да се потенцира моќта на комуникацијата, технологијата и книгите.
Доколку имате време за чекање во метрото, доста книги се достапни во бесплатна верзија. Но, доколку Ви е потребно да ја понесете со себе, на Вашиот компјутер, мобилен или е-читач, тогаш цените се сосема нормални и за стандардните е-книги и за аудио-книгите.