Како што ни доаѓа топлото време, ни доаѓа и желбата за летни фризури. Во првиот туторијал од низата на туторијали за едноставни и интересни фризури е прикажано како сами да си направите пунџа со плетенки од страна.
Сплетете плетенка на едната страна од косата. Под неа сплетете уште една. Повторете на другата страна. Потоа, спојте ги плетенките одзади и врзете ги долу заедно со целата коса. Доколку е потребно, ставете неколку шноли да ја држат косата. Слатко и лесно!