За многумина годините се само бројка. Иако има 60 години, Neil Unger е исклучително инспириран и среќен човек. Тој одлучил дека сака да вози скејтборд и дека ништо нема да го спречи да ги оствари своите желби, а најмалку годините. За Neil времето поминато на скејтборд значи среќа, љубов и страст кон животот. Пораката на Neil е дека ништо не е невозможно и дека сами си ставаме пречки на патот кон среќата. Треба само малку повеќе да веруваме во себе и да продолжиме да го правиме она што го сакаме без оглед на сè.