По нешто повеќе од една година успешно работење, дизајнерското студио [Just Because.] реши да ослободи еден мал креативно-концептуален простор за млади, но и етаблирани имиња од домашната дизајнерска сцена.
Свое место во концептуалниот простор на [Just Because.] ќе најдат креациите на : Ирина Тошева, Ludus, Project time, Chic Undercowear и Аcid Wear, а почетокот на убавата соработка ќе го одбележи настанот ,,Just Because is MOVING ON’’, кој ќе се случи оваа среда со почеток од 20 часот.
Доколку сте за опуштена дружба зачинета со многу љубов и добар дизајн, но и по некоја пијачка, повелете во концептуалната продавница на [Јust Because.] (во уличката позади поранешно Кинг Бургер).