Лоцирана на дел од Берлинскиот ѕид, долга 1,3 километри оваа галерија е најголемата и најдолготрајната галерија на отворено. Благодарение на оваа галерија Берлинскиот ѕид покрај своето политичко и историско значење на поделба и војна, во 1990 година добива и уметничко значење.
Галеријата се состои од 105 дела на уметници од целиот свет, насликани во 1990 година по падот на Берлинскиот ѕид, на источната страна од ѕидот. Овие мурали претставуваат време на промени, надеж за подобра иднина и слобода за луѓето од целиот свет. На своевиден начин уметниците го претставиле Источниот и Западниот блок, ѕидот како „појас на смртта“ и измерувањето на своите сили во рамките на еден град. Оваа галерија е потсетник на минатото.