Презафатени со виртуелниот свет, луѓето не забележуваат многу работи од вистинскиот живот. Паметните телефони како да создадоа „глупави“ луѓе, програмирани согласно одредена програма, кои иако постојано се поврзани преку интернет и можеби се во тек со сите светски случувања не ги забележуваат работите околу нив.
Adrian Donoghue совршено ја отсликува оваа состојба преку неговата фотографија, каде што возрасните се како маѓепсани од телефоните и не го забележуваат малото дете. Ситуацијата е алармантна, време е да се одделиме барем на кратко од технологијата. Не заборавајте сепак ние сме луѓе, не роботи. Живејте во вистинскиот, не во виртуелниот свет.