По „Симон Боканегра“ од Џузепе Верди којашто беше прикажана на отварањето на овогодинешните Мајски Оперски Вечери, следна на репертоарот на фестивалот е „Дон Џовани” од Моцарт. Операта е во италијанска продукција – режија на Лев Пулиезе и под водство на диригентот Џузепе Сабатини. Костимите се на Марија Пупучевска.
СОЛИСТИ:
Дон Џовани: Хавиер Ландете (Шпанија)
Лепорело: Алесио Потестио (Италија)
Комендаторе: Кацухиро Котецу (Јапонија)
Дона Ана: Анџела Низи (Италија)
Дон Отавио: Благој Нацоски
Дона Елвира: Џесика Роуз Камбио (САД)
Церлина: Џулија Де Блазис (Италија)
Мазето: Итало Проферише (Италија)
„Дон Џовани” ќе биде прикажана во недела, на 18.05.2014, со почеток од 20:00 во МОБ. Цената на билетите се 400 денари во галерија, 600 денари во партерот и 800 денари за ВИП-влезница.
Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на МОБ