На кого не би му се допаднало да се разбуди во ваква спална соба? Секое будење во неа е почеток на вистински сон со отворени очи. Со блескавиот амбиент, романтичниот призвук и фантастичните катчиња за уживање во текот на целиот ден, дизајнирана е да ги исполни сите желби на будните сонувачи. Како би изгледала вашата идеална спална соба? Сите сонуваме за одмор и релаксација во благороден простор, полн со светлина, топлина, комфор и убавина, а стилистката Conchita Crespo е една од оние кои своите соништа умешно ги пресликала во реалноста. Резултатот е оваа прекрасно уредена спална соба, облечена во ленено платно и кадифе, во која таа секојдневно ги негува слатките животни задоволства, препуштајќи се на омилените хобија и страста кон читањето. Секој агол има посебна намена и е внимателно стилизиран, раскажувајќи убава романтична приказна со лежерен и женствен тон. Инспирирајте се и сонувајте!