Точно е дека денес на дофат Ви се најразлични декоративни додатоци, привезоци, маски за најважните уреди кои секојдневно ги носите со Вас. Можеби нашиот денешен Направи сам предлог нема да Ви делува како ново, револуционерно решение на Вашата потреба да го украсите Вашиот мобилен – но, секако, ќе Ве поттикне лесно и едноставно да направите нешто практично, а свое. Зошто не би употребиле интересен цитат или омилена фотографија?
Потребно Ви е:
– обична, проѕирна маска
– ножици
– фотографии
– мали ножички
Постапката е едноставна, објаснета чекор по чекор во приложеното видео. Потребно е малку за да остварите многу, додека за изборот на фотографија, оставаме на Вас да селектирате на кој начин ќе комуницирате со околината: дали тоа ќе биде инспиративни зборови или мистична симболика, зависи од самите Вас.