Животните катчиња во поткровје никогаш не престануваат да не воодушевуваат и инспирираат. Имаат нешто посебно во амбиентот, што не може да го сретнете во другите ентериери. Положбата, закосените тавани и прекрасните погледи од прозорците овозможуваат креативен пристап и флексибилност, како во уредувањето, така и во организацијата на просторот. Овојпат, ви претставуваме едно неодоливо средено поткровје со површина од 55 метри квадратни. Со паметен план и избор на вистинските детали претворено е во максимално удобен, функционален и пријатен простор за престој. Скандинавската едноставност и белата позадина шармантно се разиграни со внесувањето на шарени и свежи детали во секоја просторија, давајќи му топла, весела и разиграна атмосфера на ентериерот. Сите детали се различни и впечатливи сами по себе, но искомбинирани се со многу вкус во динамична и стилски компактна целина. Со низата интересни идеи, совршен пример е како малото поткровје може да се трансформира во идеално катче за креативни и енергични личности, кои не само што живеат, туку и создаваат во својот дом. Инспирирајте се!