Seth Globepainter e уличен уметник од Франција познат по своите шарени и чудни мурали. Неговата најнова серија е претставена во затворен простор во Рим во метро станицата Piazza Di Spagna. Секојдневните минувачи имаат прилика да уживаат во неговите шарени дела. Станува збор за две дела кои создаваат интригантни илузии кои создаваат визуелно зашеметување поткренувајќи прашање за слоевитоста на реалноста и перцепцијата на просторот. Прекрасно.