„Ништо нема да Ве спречи да бидете креативни толку ефикасно како стравот од правење грешка.“
~ Џон Клиз
Џон Клиз, англиски актер, комичар, писател и филмски продуцент чиј лик ја збогатува забавната страна на живеењето во последниве 79 години; споделува со постоечките креативци и креативците во создавање 5 фактори за креативен живот преку 5 цитати. Во ред, 4 фактори и цитати.
- Фактор ПРОСТОР:
Вие не можете да станете дел од играта, колку и да сте креативни, ако сте под вообичаените притисоци. - Фактор ВРЕМЕ:
Не е доволно само да создадете простор, мора да го создадете тој простор достапен за определен период на време. - Фактор ВРЕМЕ:
Давање време на Вашиот ум што е можно подолго, за да продуцира нешто оригинално. - Фактор ДОВЕРБА:
Видете го цитатот погоре. - Фактор ХУМОР:
Главното, еволутивно значење на хуморот е тоа што го овозможува премиот од затворен кон отворен режим на живот, побрзо од било што друго.
Затоа, дајте си на себе простор-време-доверба-хумор и пуштете ја креативноста во Вас да дише, нека секој нареден здив Ви биде воздишка од секојдневието, отворање на нов свет чии видици ќе ги создадете сами – чиј израз ќе биде Вашиот печат врз светот. Гледајте ги своите емоции во боја, мислете во движење и слушајте ја мелодијата на Вашата душа.
Креативноста не е хоби, таа е животен стил. Живејте на креативната страна на животот!