Приказна без зборови, деби-дело на илустаторот Aaron Becker која носи наслов „Патување“, патување низ лавиринтите на сопствената имагинација и моќта којашто истата може да ја има и применува. Шармантна и силна приказна преку слики, приказна за осамено девојче кое се наоѓа во имагинарен свет и учи да ја користи својата имагинација преку цртање со магичен црвен маркер – некаде измеѓу поентата на Дизни и Керол, современите потсетувања на бајките и волшебното „соништата се остваруваат“ тврдење, приказната на Becker прави да Ви застане здивот од комбинацијата на акварел и поента за сите возрасти.