Врвен крадец. Брилијантен полицаец.
Жена која мора да одбира меѓу приврзеноста кон таткото и првата љубов.
Знаете, книгата често дава чувство на топла прегратка откако успеалa да ве смрзнe до коски, во ненадеен миг… во случајов, истата нуди безлично прашање на избор: помеѓу Оној кој ти дал срце и Оној што направил да чука – мора да се признае, едноставната отменост на Мисо е единствениот пишан повод на денешницава која позитивно би обвило сечие оптимистично, но истовремено реално срце…
Габриел е девојка на релација Париз – Сан Франциско; кариера – исполнет живот; правда – семејство. Со очигледен конфликт на интереси, се што и е приоритет е благосостојбата на нејзиното работно место, стабилноста на нејзиниот живот, вечната потрага по компетентен сопатник.
Но како? Како, кога случката која по никаква должност не се однесува на неа, и го менува животот од корен?
Како, кога татко и е познат крадец, моментално единствениот осомничен за кражбата од Лувр, единствениот таргет на избраникот на нејзиното срце?
Како, кога двајцата во исто време се појавуваат во нејзиниот живот, повторно?
Начинот и содржината на обновените врски со двајцата најинфлуентни мажи во нејзиниот живот остануваат во нејзина надлежност… она што е на Вас, е да не послушате и да ја прочитате при прва прилика!