Колку треба да сте страствени библиофили на скала од 1 до 10 за да создадете уникатно парче мебел кое ќе Ви гарантира дека омилените и допрва-што-ќе-бидат омилени книги Ви се при рака? Nobody & Co. студиото од Милан го сметаме на 11 од скалата поради создавањето на “Bibliochaise” – фотелја која содржи простор за 300 книги. Хибридна фотелја-полица, која е достапна во повеќе бои и која е направена од материјал адаптиран од високо перформирана технологија и памучно-кожна перница. Со дополнителни иновации на фантомски тркалца!