Сите си имаме некаква дефиниција за убавината која секогаш е врз основа на она што го гледаме, но што ако не можевме да ги видиме работите визуелно? Како ќе знаевме што е убаво тогаш? Неколку слепи луѓе објаснуваат што значи убавината. За нив, убавината значи радост за новиот сончев ден, за прошетки по песокот на плажа, за играње со своите деца. Одговорите ќе не научат дека никогаш не треба да судиме според изгледот и дека најубавите работи не се гледаат со очите, туку се доживуваат со срцето.