Убавината на руските жени отсекогаш била своевидна мистерија. Тие имаат совршена фигура, а шминката и фризурата им се секогаш беспрекорни. Што е тајната на нивниот шарм и шик изглед?
Убавината на Русинките пред сè се должи на нивниот животен стил. Тие се секогаш во движење, пешачат, пливаат и возат велосипед. Со тоа успеваат да ја одржат формата на телото. Во исхраната најчесто конзумираат овошје и зеленчук, како и традиционалните руски супи и чорби кои се здрави и нискокалорични. Уште еден дар од природата кои овие жени успешно го користат се лековитите растенија и тоа: хмељ, тегавец, коприва и детелинка. Овие растенија имаат позитивен ефект врз кожата и косата и се мошне здрави кога се пијат како чај.
За разлика од времето на Советскиот Сојуз, денес во Русија може да се купат најновите и најпознатите брендови на производи за тело, лице и коса. Со оглед на тамошниот животен стандард, жените можат да си дозволат буквално секакви третмани за нега на телото и духот. Па така, покрај физичката активност, Русинките не пропуштаат да отидат и на масажа, сауна, спа-третман и сл. Кога станува збор за шминка и фризура, Русинките му даваат предност на природниот изглед. Повеќето од нив имаат природно истакнати црти на лицето, па не им треба многу шминка за да ја нагласат убавината. Најчесто користат маскара и сенка за очи. Скоро сите Русинки имаат светол тен и неретко експериментираат со светли кармини и сјаеви во црвени, кафеави и розови нијанси. Парфемот е неизбежен во секоја можна комбинација и исто како Парижанките, Русинките се совршени во овој аспект.
Како што можеме да заклучиме, жените во Русија се софистицирани, уникатни и вистински дами од кои може многу да се научи за стилот.