Важно! Доколку сакате бајки и имате страст кон патувањето тогаш мора да ги погледнете овие фотографии и да ја ажурирате Вашата листа на места кои треба да ги посетите. Станува збор за места кои изгледаат како да излегле од бајките, а фотографиите кои Ви ги нудиме се доказ за тоа.
1. Neuschwanstein Castle, Германија
Со цел да најде засолниште и да се повлече од јавниот живот, Лудвиг Втори од Баварија го изградил овој екстравагантен замок во 1868 година. Седум недели по неговата смрт во 1886 година, замокот бил отворен за посетители и оттогаш е еден од најпосетуваните замоци во Европа. Овој замок е инспирација за замокот на Заспаната убавица во Дизниленд, значи дефинитивно е магичен! :)
2. Glowworm Caves, Нов Зеланд
Специфично место во пештерата Waitomo познато како Glowworm Grotto поради инсектот glowworms. Овие инсекти исклучиво можат да се најдат во Нов Зеланд, а во пештерата создаваат ѕвездена глетка на таваните и ѕидовите.
3. Колмар, Франција
Еден од најволшебните градови во Франција. Колмар потсетува на градот од Убавицата и Ѕверот. Покрај тоа што е необично и шармантно место за посета, Колмар е дом на Музејот на играчки и моделирани возови.
4. Пештерите Бату, Малезија
Овие пештери датираат од пред околу 400 милиони години. Во основата лежи огромна 140 метри златна статуа на Murugan – хинду богот на војната, победата, мудроста и љубовта. До влезот има 272 скалила, а внатре Ве очекуваат хинду светилишта.
5. Катедралата Св.Василиј, Русија
Некогаш црква, денес музеј со спектакуларен спектар на светли бои и чудна архитектура која мора лично да се доживее. Се наоѓа во Москва.
6. Вистерија тунел, Јапонија
Ова неверојатно место се наоѓа во градината Kawachi Fuji во Китакиушу, Јапонија. Најдобро време да го посетите овој тунел е од крајот на април до средината на мај.
7. Paro Taktsang, Bhutan
Место познато како „гнездо на тигарот“, ова будистичко свето место е сместен во прегратките на Хималаите. Со својата единствена локација и својата волшебност, ова место е вредно за посета.
8. Анкор Ват, Камбоџа
Анкор Ват или „Градот на храмови“ е значаен религиозен цетар во Југоисточна Азија и често се смета за симбол на Камбоџа. Зад својата архитехтура, вековните остатоци кријат многувековни историски спомени.
9. Петра, Јордан
Ова место е изградено во планините пред повеќе од 2000 години, а денес претставува најпосетена туристичка атракција на Јордан.Ова е значаен пример за неверојатноста на античката цивилизација.
10. Mont Saint-Michel, Франција
Магична остров комуна во Нормандија, Франција. Место познато како „чудо на западот“ кое привлекува над 3 милиони посетители годишно.