Автомобилот кој се смета за британската икона од ’60 тите сеуште воодушевува по улиците. Mini Morris се појавува во интересни бои, впечатливи дизајни и урнебесно екстремни рециклажи. Малиот симпатичен Mini Morris бил дизајниран од страна на BMC како економичен автомобил со две врати. Со тек на времето, го освои светот.
Честите модели можат да се најдат на пазарот од $ 7 000 до $ 40 000. Погледнете неколку модели од овој непобедлив класик кој инспирираше за креација на многу негови модерни “наследници”…