Како изгледате кога сте среќни, лути, збунети, изненадени? Различни емоции, различни изрази. Токму од тоа е воден и Mike Larremore, фотограф од Денвер кој создава серија фотографии тнр. Faceboard. Секоја фотографија се состои од 16 поединечни фотографии преку кои е претставен спектарот на човековите емоции.
Без никакви реквизити, фотографот се фокусира врз лицето на субјектот и промените кои настануваат при промена на емоциите. Изразувањето на емоциите е индивидуално и неверојатно. Едноставно, понекогаш лицето кажува повеќе од сите изговорени зборови. Се согласувате?