Млад, креативен, фантастичен – Ѓорѓи Десподов е фотограф од Прилеп кој создава прекрасни едиторијали инспириран од филмови. Фасциниран од фотографијата од мал има желба да биде професионален фотограф. Има 18 години и досега има направено повеќе едиторијали преку кои црпејќи инспирација од филмовите, литературата и музиката се изразува себе си. Создава уникатни фотографии во кои остава простор за сопствена интерпретација на секој кој ќе ги погледне.
Ви претставуваме една серија фотографии за која Ѓорѓи вели дека е инспириран од втората сезона на American horror story asylum и од филмот Gril interrupted. Сепак за ваков резултат потребен е модел кој ќе се внесе во улогата и шминкер кој ќе придонесе да се оствари целата замисла и идеја на фотографот. Во овој случај тоа се Стефани Иваноска и Милена Северкоска.
Инспирација за добра фотографија има насекаде, доволно е само да ја пронајдете!
Досега успеал да постави две самостојни изложби, а неговата работа може да ја следите и на професионалното портфолио на VOGUE IT. Активен е и на домашната модна сцена на која има соработувано со дизајнерите Стефанија Насеска и Марјана Рујаноцка.