Прегратките се моќни.
Тие може да Ве утешат кога Ви се потребни на крајот од долгиот, фрустрирачки ден. Може да ја искажат Вашата жалост. И да ја прикажат Вашата комплетна среќа. Може да комуницираат на начин „ми недостасуваш“ подеднакво како „ќе ми недостасуваш“. Може да ја означат разликата помеѓу чувството на блискост и изолација. Помеѓу надежта и очајот.
Никогаш не ја потценувајте моќта на прегратките или сопствената способност да прегрнете друга личност онолку силно, што ќе им застане здивот, онолку долго, што ќе ги видат можностите што ги пропуштаат доколку не даваат или примаат прегратка.
Прегрнувајте се често.
Прегрнувајте се добро.