Создадена за најтенката Apple верзија, исклучиво за MacBook Air и MacBook Pro – оваа футрола со име BookBook, во облик на книга е рачно изработена, од вистинска кожа со ултра тенок профил која нуди сигурна заштита. Покриена од двете страни, со заоблени агли и тапациран ‘рбет на истата во чоколадно кафена боја, со кадифено мека внатрешност.
Деталите ја прават оваа футрола своевиден бестселер: дизајнерски совршена, BookBook е повеќе од добредојдена не само во Вашата библиотека, туку општо во Вашето секојдневие. Првенствено, за заштита на Вашиот лап топ, додека не помалку значајно, да потврди колку софистициран читател сте и самите. Оваа колекција опфаќа футроли за iPhone, iPad и MacBook.