„Фиктивни оброци“ е можеби најдобриот пример на книга кој по автоматизам ќе Ви го отвори апетитот – како потписник на овој проект се наоѓа Dinah Fried, која што е дизајнер-уметнички директор-фотограф-аматер за кетеринг. Со последното не би се согласиле целосно, затоа што таа на сосема уникатен начин ја раскажува својата поврзаност со книгите, со тоа што ги симулира карактеристичните јадења од неколку познати наслови.
Нејзиното студио е сместено во Њујорк, додека нејзините дела се признаени преку објавување во The Guardian, the Huffington Post, The New Yorker, New York magazine, Bon Appétit… нејзиниот последен проект, кој визуелно ќе го искусите преку фотографиите во прилог, се состои во илустрирање на најпознатите оброци во светот на литературата; па, Ве покануваме да седнете на суво мартини со Џеј Гетсби, односно, ако сте помирен тип, да ја почестите Алиса со Вашето присуство. Бездруго, не заборавајте на појадокот кај Хајди или (не)здравата ужина покрај Раул во Лас Вегас.