Го земате телефонот, го вртите бројот, но едноставно немате храброст и одлучност да направите уште еден чекор, да заѕвоните. Дали од страв што ќе добиете како одговор од другата страна, дали од гордост, срам или нешто друго, Вие испуштате еден миг, миг кој можеби ќе промени нешто.
Страв од одговорот? Па зарем не велат „подобро вистината да боли, отколку да живеете во лага“.
Гордост? Гордоста е убиец на меѓучовечките односи, оставете ја настрана и дајте им предност на позитивните чувства.
Срам? Зар љубовта знае што е тоа??? Не е важно дали си момче или девојка, прв се јавува оној кому повеќе му е гајле.
Не испуштајте ниту еден миг, искористете ја технологијата. Земете го телефонот и кажете им што чувствувате на оние кои не се покрај Вас.
Доволно е да кажете само: Се јавив да ти кажам дека ТЕ САКАМ!