Звучниците можат да бидат многу класични, но и тотално откачени – во категоријата ,,луди, но неодоливи” ги препознавме овие звучници чиј дизајн освојува на прв поглед. Станува збор за ,,Berlin Boombox“, картонските звучници од берлинскиот дизајнер Axel Pfaender, кои со својот ретро изглед носталгично навраќаат во забавните ’80-ти.
Достапни се во стандардна кафена и бела боја, а моментално во продажба се и специјалната линија во летни бои и онаа во соработка со Adidas, но тие модели се нешто поскапи. Најдобриот модел е секако ,,голиот” Boombox, кој доаѓа во пакет со боици, па можете самите да го дизајнирате.
Boombox звучникот е наоружан со најнова технологија, изработен е од рециклиран картон кој може повторно да се обновува, има неверојатен звук (појачувач 2 × 5 вати), приклучок и за iOS и за Android моделите на паметни телефони (како и различните MP3 плеери), а меѓу другото, се продава по пристапна цена од 65 евра.
Уште една интересен податок е дека Boombox-от пристигнува со прирачник за составување, па морате самите да го сложите. Но, не грижете се, многу е едноставно.
Производот целосно се произведува во Германија, аудио опремата е од Mivoc од Solingen и важен дел – доколку картонскиот дел ви се оштети, секогаш можете да нарачате нов за 17 евра.