Доколку сакате да ја видите продавницата слободно посетете го овој линк
Дека македонската уметност испорачува вредности и во светски рамки, последно сведочи воспоставувањето на креативна соработка помеѓу нашиот етаблиран ликовен уметник Михаил Корубин и ,,GelaSkins”, една од најпознатите компании за производство на уникатни футроли и ,,геласкинови” за мобилни телефони, но и многу други производи од дигиталната технологија.
Уметничките дела на Корубин се дел од најновата линија производи на ,,GelaSkins”, која од денес ќе биде достапна ширум светот. ,,GelaSkins” е позната по ексклузивните дизајнерски и уметнички ,,геласкинови”, создадени од патентиран M3 материјал кој е отпорен на гребење и прашина. Досега имаат соработувано со околу 150 млади и талентирани дизајнери, но и светски познати реномирани уметници и организации, како National Geographic, Tim Burton, и Norman Rockwell.
Во 2014 година, ,,GelaSkins” планира да го прошири својот опус на уметнички производи, збогатувајќи ја понудата со дизајнирани парчиња мебел и облека, а меѓу нив, ќе се најдат и делата со потпис на Михаил Корубин.