Скандинавскиот велигденски декор изгледа многу природно и смирено, за што во голема мера придонесува користењето на традиционални материјали, како што се каменот, дрвото и стаклото, во комбинација со пролетно цвеќе, јајца и зајчиња. Велигденските јајца се во минималистички тон, со или без шара, суптилно украсени со перје и конопни врвки. Јајцата и лушпите од јајца (кокошкини или од препелица), наголемо се употребуваат како украси или главен детал, поставени во тегли и картон, заедно со свеќи и свежо цвеќе. За таа намена, особено се користат зеленилото и билките, и тие се елементите кои и даваат живост на скандинавската велигденска тема. Она што посебно ни се допаѓа кај овие шармантни украси е едноставноста која се провлекува низ убавиот стил. Во продолжение, погледнете некои од идеите и инспирирајте се во пресрет на празничните денови!