Патувањата секогаш примамуваат со авантурата која ја носат сами по себе, бесконечните долги прошетки кои се инспирација, попратена со многубројни воздишки. Постојано фотографирање на архитектурата и честите загубувања во тивките моќни пејсажи изморуваат, а тамошниот мирис на воздухот дефинитивно отвора апетит. Погледенете ги најубавите пекари во светот…
Baker D. Chirico Bakery
Carlton, Australia
Можеби да, можеби не, но многумина тврдат дека тука се продаваат највкусните багети во светот. Честите муштерии цврсто стојат зад тоа дека токму во оваа пекара го јаделе највкусниот леб. Секогаш сте добредојдени тука, персоналот е пријатен и посветен максимално на својата работа.
Poilâne, Paris
Пекара во Париз… дали е потребно уште да се зборува? Нуди превкусни кроасани со кои дефинитивно можете да го започнете денот во најубавиот град на светот. Карактеристика на оваа пекара се рачните украсувани погачи. На нив можат да се забележат маски, лисја, теми од верските празници и сето тоа изработено од тесто. Во оваа пекара, покрај храна, можете да купите книги со рецепти (повеќето достапни само на француски), ножеви за леб, како и кутии за чување леб.
Blé Bakery
Thessaloniki, Greece
Покрај тоа што е најубавата пекара во Грција, Blé Bakery нуди кафе и вкусно црно вино кое мора да го пробате. Слатките се специјалитет на мајсторите, кои заедно со останатиот персонал се секогаш тука да ви препорачаат добар оброк, токму по Ваш вкус. Пекарата исто нуди и брзи и лесни оброци како мала пица и салата.
VyTA Boulangerie
Turin, Italy
Во совршен ентериер и амбиент, пекарата нуди совршени автентични италијански вкусови на печива. Храната тука е совршена за будење на сите сетила. Вкус на самата Италија која дефинитивно долго ќе се памети…
Patisserie 46
Minneapolis, MN USA
Прво да ги предупредиме сите оние кои тренираат некој спорт, или внимаваат на својата линија, оваа пекара дефинитивно не е за Вас додека престојувате во САД. И останатите полека :D Колку и да Ви звучи чудно, слатките тука се толку добри, што дури создаваат зависност. Најфалени се оние полнети со чоколада, слатките обоени сендвичи, како и кроасаните…
Добивте апетит? ;)