Во домашниот, но и во европскиот ТВ-етер од денеска точно напладне почна да се емитува официјалниот спот за песната „To the sky“ што ќе ја отпее нашата годинешна евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.
Музичката приказна ја оживеа „Горила филмс“, а режисер на спотот е Мерт Арслани од продукцијата „БМА“. Видеозаписот со светски квалитет се снимаше во студиото „XXO“, а го привлече вниманието на јавноста уште пред премиерата, со провокативните фотографии снимени за време на реализацијата на видеото, на кои Тијана е опкружена со триесетина разголени момци – спортисти, танчари и машки модели.
На промоцијата одржана во ,,Арабеска” беа претставени македонската и англиската верзија, а како што беше најавено, деновиве ќе биде готова и српската верзија.
Погледнете како изгледа евровизискиот спот на Тијана!