Импресивна експресија на мебел која потекнува од инспирацијата од дивите елени во шумата, на нивната грациозна истрајност и моќни рогови, кои во Дизниевата интерпретација на Бамби ги дефинира како „принцови на шумата“. Благородната природа на овој дизајн-продукт е пренесен во форма на полица, создадена од цврст даб и сјаен метал. Совршена за акцентирање на просторор, соодветна за чување на книги и останати предмети кои го прават домот Ваш дом. BEdesign како креатор на ова дело искрено го препорачува поради својата единственост и практичност.