Piip Show-то е тримесечна програма во живо, чија сцена е мини бар полн со храна за птици. Проектот е направен од страна на фотографот Magne Klann, Lars Aurtrade (задолжен за правењето на малечката сцена) и Норвешката страна NRK.no.
Сцената е поставена во природа, каде постојано се снима. Птиците примамени од храната, застануваат на мини барот. Нивната разновидност и бои се воодушевувачки.
Овој телевизиски експеримент, наречен “реално ТВ-шоу со дивите птици”, ја стави NRK.no помеѓу првите најпосетувани веб-страни во Норвешка.
Во шоуто случајно “гостуваа” неколку видови птици, додека најпочестена гостинка беше една залутана една верверичка.