Најновата колекција на Елена Лука „Златни узди“ беше промовирана на втората ревијална вечер на Модниот викенд Скопје во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, збогатено од музиката од балетот „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев, модната куќа „Елена Лука“ ја претстави новата колекција наречена „Златни узди“ (Golden rains). Публиката во музејот погледнаа педесетина модели за актуелната сезона пролет-лето 2014.. Боите кои преовладуваат во најновите модни парчиња се црната, златната и белата . Публиката во музејот погледнаа педесетина модели за актуелната сезона пролет-лето 2014. Наменски за оваа колекција изработени се и чанти и чевли со потпис на модната куќа, кои навистина оставаа впечаток.
Значењето на името „Golden Reins“ или „Златни Узди“ на новата колекција претставува
суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност
на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети
креациите на Елена Лука. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите
креации“ – изјави Елена Лука.
Пролетното издание на Моден викенд -Скопје продолжува вечерва од 18 часот, во салонот „Порше Македонија“ со креациите на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, потоа со моден перформанс на минатогодишните победници на „Поп!Мода“ , Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили.
Со модна ревија ќе се претстави и дизајнерката ИринаТошева, а вечерта ќе ја затвори групна модна ревија на Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска, Бобан Илиевски и Никола Петровски. Вечерва веднаш по завршувањето на ревиите, колекциите на студентите од Факултетот за арт и дизајн, на Ирина Тошева, Виктор Цветановски, Марјана Рујаноска, Стефанија Насеска и Chic undercowear на Бобан Илиевски ќе бидат достапни за купувачите во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје.
Divianarts.com е член на медумски покровители на 9.Моден викенд Скопје
Фото: Ани и Дими