Дали се сеќавате на авантурите на Чарли со Вили Вонка?
Познатиот автор Роалд Дал, креаторот на „Матилда“ истовремено е креатор на „Чарли и фабриката за чоколади“, која верувале или не, е приказна која оваа година го слави својот 50ти роденден. Првото издание, прва радост – на фотографијата погоре е оригинално објавено во 1964 во Њујорк, од страна на Alfred A. Knopf со илустрации на Joseph Schindelman. Прекрасна приказна за магијата и моралот преку идејата на Дал, со бројни позитивни критики кои велат дека „Чарли станува култ помеѓу децата читатели“ и „типичен пример на модерна бајка која повеќе се смета за детски класики“.Ова издание има тврд повез и беж хартија, кое се продава по доста интересна цена на интернет.
Оваа прекрасна детска приказна за фабриката за чоколади којашто е во сопственот на мистериозно чудниот Вили Вонка вклучува пет деца коишто добиле златни билети и успеале да влезат во неговата фабрика. Меѓу нив е и малечкиот Чарли…