Светло, елегантно и атмосферично – ова спектакуларно поткровје на две нивоа може да се пофали со беспрекорен изглед и амбиент од соништата. Сместено е во Стокхолм, а уредено во препознатлив скандинавски стил кој го карактеризираат пространи соби и многу бела боја во ентериерот. Распоредот на дуплексот е хармоничен, комбинирајќи отворени простори за дневен престој и мирни приватни зони, украсени со минималистички декор и детали кои создаваат сјаен и блескав вузуелен ефект. Елементите како што се стаклениот под и ѕидовите во галеријата, темните дрвени подови на првото ниво и амбиенталното осветлување придонесуваат овој животен простор да делува навистина посебно. Поткровјето е со вкупна површина од 117 метри квадратни, атрактивно распоредени на два ката. Двете нивоа ги поврзува стаклениот под, кој создава чувство на отвореност, визуелно го зголемува просторот и ја оптимизира природната светлина. Скалилата кои ги поврзуваат катовите имаат модерен дизајн, со темно обоени дрвени газишта и вградено осветлување за драматичен ефект. Погледнете како изгледа ова неодоливо место за живеење и инспирирајте се!