Постојано сме сведоци, директно или индиректно, на вистински успешни приказни, или пак анегдоти со сомнително потекло за тоа како некој успеал да си ги оствари своите животни цели. Нашата заинтересираност се’ повеќе и повеќе расте. Ние едноставно мораме да дознаеме како полесно до успехот? Кој е трикот?
Постојаната желба за успех, претераните амбиции ни се наметнати од општеството од најмалите нозе. Нашите најблиски уште од рана возраст не учат за благодетите на успешниот живот. Дали е тоа позитивно, или не, оставаме на Вашето расудување.
Погледнете ги следните цитати за самиот успех од добро-познатите историски великани кои и тоа како оставија печат на нашето постоење.
“Успехот не е крајната цел, неуспехот не е фатален, единствено се смета храброста да се продолжи понатаму.”
“Успехот е постојано сопнување од неуспех на неуспех, без да се изгуби ентузијазам.”
“Летечките змејови се издигнуваат највисоко во спротивен правец на ветрот, не заедно со него.”
Winston Churchill
“Обиди се да не станеш успешен човек. Подобро стани човек со вистински вредности.”
Albert Einstein
“Подобро да потфрлиш како свој оригинал, отколку да успееш како туѓа имитација.”
Herman Melville
“Успех е да го добиеш тоа што го сакаш, среќа е да го сакаш тоа што ќе го добиеш.”
W.P. Kinsella
“Неуспехот е состојка која му го дава вкусот на успехот.”
Truman Capote
“Не се плаши од совршеноста – никогаш нема да ја достигнеш.”
Salvador Dali
“Јас сум успешен денес бидејќи имав пријател кој веруваше во мене и срцето не ме оставаше да го разочарам.”
Abraham Lincoln
“Нашата најолема способност не се гледа во нашиот пад, туку во станувањето повторно по секое паѓање.”
Confucius
“Тешко е да потфрлиш, но е многу полошо никогаш да немаш пробано да успееш.”
Theodore Roosevelt
“На крајот од денот не дозволувај да има извинувања, објаснувања и каење.”
Steve Maraboli