Lindsey Stirling по настапот во “Јас имам талент” го освои светот со својот ентузијазам, талент, како и уникатност. Оваа девојка прави солидни ковери (Lord of the Rings, The Phantom of the Opera, We Found Love…), или пак храбро компонира дела кои лесно испреплетуваат два стила истовремено, хип хоп и виолина. Stirling е позната по својот танц додека свири на виолина, доброто расположение и креативноста која се забележува во нејзините видеа.
Ние ги одбравме нашите фаворити и Ви ги нудиме во една кратка плеј-листа.
Подулу можете да чуете како оригинални композиции, така и ковери.
Уживајте!