Нашите познавања од говорот на телото кај мачките можеме да речеме дека се на солидно ниво. Знаеме кога се среќни, а кога уплашени, запознаени сме со нивната потреба од често галење и играње. Но, колкав дел разбираме од она што нашите миленици сакаат да ни го кажат?
Аниматорот Cindy Suen направи интересно едукативно видео поврзано за говорот на телото на најслатките миленици – мачките. Во него се прикажани положбите за време на страв, концентрација, среќа, несигурност, комфор…
Видеото покажува колкаво влијание имаат ушите на мачката за да се открие нејзиното вистинско расположение.